Циципас го изненади Зверев и ќе се бори за прва гренслем-титула во кариерата

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го изненади Александер Зверев во полуфиналето на Ролан Гарос и славеше со 3-2 во сетови, односно 6-3, 6-3, 4-6, 4-6 и 6-3.

Циципас тргна фуриозно во натпреварот и веднаш направи брејк на противничкиот сервис, кој го одржуваше до крајот и не му дозволи на Зверев да се врати во игра (6-3).

Во вториот сет Зверев отвори подобро со брејк на противнички сервис, но потоа го загуби дури трипати својот сервис и Гркот го доби вториот сет со 6-3.

Во следните два сета Германецот се врати во игра и направи два брејка, по еден во третиот и четвртиот сет, кои му беа доволни да ги добие со по 6-4 и да израмни на 2-2.

Зверев имаше три брејк шанси на почетокот на последниот сет, но не ги искористи, по што казната стигна во четвртиот гем, кој му припадна на Циципас за 3-1, кој потоа го одржа водството и славеше со 6-3.