Алкараз по триумфот во Париз добива џекпот – 200 милиони евра за 10 годишен договор!

Неколку дена по освојувањето на Ролан Гарос, Карлос Алкараз ќе добие уште еден џекпот - нов договор со компанијата за спортска опрема „Најк“ вреден околу 200 милиони евра за период од 10 години.

Неговиот сегашен договор му завршува во 2025 година и затоа многу брзо ќе ги стави иницијалите на продолжување на соработката за следната деценија и за тоа ќе добие многу пари. Но, шпанскиот портал „Релево“ тврди дека тоа нема да биде единственото нешто што ќе го добие тенисерот. Според нивните информации, Алкараз ќе добие и свое лого, односно ќе се работи на создавање на неговиот бренд, нешто што досега им усеало само на уште други двајца тенисери - Роџер Федерер и Рафаел Надал. Станува збор за договорите што двете легенди ги имаа со „Најк“, кои креираа специјално лого за нив.

Мора да се помене дека логото „РФ“, кое стана негов заштитен знак, Федерер го доби на 26 години, додека Рафа го логото на бикот го доби на 27 години. Карлос истата чест ја добива само неколку недели откако го прослави својот 21 роденден.