Најстариот олимписки победник златото го прослави со – стриптиз на снег!

Австрискиот сноубордер, Бенјамин Карл (40), испиша златни страници во историјата на Зимските олимписки игри (ЗОИ), откако освои олимписко злато во паралелен велеслалом на терените во Ливињо.

Тој со оваа победа стана најстариот олимписки победник во поединечна дисциплина на ЗОИ – со 40 години и 115 дена. Досегашниот рекорд го држеше легендарниот биатлонец Оле Ејнар Бјорндален, кој до златото стигна со 40 години и 12 дена. Карл, кој уште пред Игрите веќе имаше комплетен сет олимписки медали, во финалето го совлада Јужнокореецот Ким Санг-кјум со предност од 19 стотинки, иако во текот на трката беше во негатива.

По среброто во 2010, бронзата во 2014 и златото во 2022 година, петкратниот светски шампион повторно се искачи на највисокото скалило на подиумот. Тој во полуфиналетобеше подобар од Словенецот Тим Мастнак, победувајќи го со 0,24 секунди во реприза на олимпиското финале од 2022 година.

Мастнак сепак дојде до бронзениот медал, откако во малото финале беше подобар од Бугаринот Тервел Замфиров, а победникот беше одлучен дури по фотофиниш.