Вон ја расфрли пепелта од својот дедо во Пјонгчанг (ВИДЕО)

Американската скијачка Линдзи Вон одлучи да му оддаде чест на својот дедо по завршување на својата последна трка на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Американката пред Олимписките игри (ОИ) често зборуваше дека ќе скија за својот дедо, кој почина во ноември минатата година. Во негова чест освои бронзен медал во спуст, а денес ја расфрли неговата пепел по карпите во близина на патеката на која се натпреваруваше во таа дисциплина.

„Знам дека би му значело да се врати тука, еден негов дел секогаш ќе биде во Јужна Кореја“, вели Вон.

Дедото на американската скијачка беше инжинер во американската војска пред војната во Кореја.

Пред почетокот на Олимписките игри во Пјонгчанг, Вон на новинарите им кажа дека сака да освои злато во спуст во чест на својот дедо.

„Очајно сакам да победам поради него, многу ми недостига. Навистина се надевав дека ќе ги следи моите настапи во Пјонгчанг, но знам дека ме следи и ќе ми биде од помош“, изјави скијачката пред почетокот на ОИ.

 

I miss him so much 😭

A post shared by L I N D S E Y • V O N N (@lindseyvonn) on