Русите дефинитивно остануваат без своето знаме на затворањето на ЗОИ!

Меѓународниот олимписки комитет објави дека суспензијата на Русите ќе биде прекината доколку нема повеќе позитивни тестови на спортисти од таа земја на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг. Меѓутоа, на Русите нема да им биде дозволено да се појават под своето знаме на церемонијата при затворањето на големиот настан.

Русија е суспендирана од Пјонгчанг поради системски допинг, кој наводно бил спонзориран од државата на ЗОИ во Сочи 2014. година. Спортистите, кои докажаа дека се „чисти“, добија дозвола да се натпреваруваат под олимпиското знаме.

Меѓутоа, двата позитивни тестови ги уништија надежите на Русите нивното знаме да се најде на затворањето до крајот на ЗОИ. Александер Крушелницки освои бронзен медал во карлин, но остана без него поради допинг додека натпреварувачката во боб, Надежда Сергеева беше суспендирана во саботата од истата причина.

Првиот човек на меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах беше разочаран поради нивните тестови, а исто така откри дека тоа е причина поради која не се разговарало за можноста руското знаме да се појави при „спуштањето на завесата“ на ЗОИ.

Олимпискиот тим од Русија во Пјонгчанг освои 16 медали, од кои две се златни.