Организацискиот кометит на ОИ во Токио уверува – нема откажување на Игрите!

Иако над 70 отсто од Јапонците не сакаат да се одржат Летните Олимписки игри во Токио, а повторно се појавија најави дека ни летово нема да се одржи најголемиот спортски настан, претседателката на организацискиот одбор посочи дека нема ни теоретска шанса да се откажат Игрите.

Сеико Хашимото објави дека воопшто не се размислува на откажување на Игрите и покрај лошата ситуација со коронавирусот во земјата, а новата најава за можно откажување доаѓа откако еден функционер од владејачката партија во земјата, најави дека повторно се размислува Игрите да се одложат или воопшто да не се одржат.

„Постои загриженост, но како организациски одбор не размислуваме за откажување на Игрите“, рече Хашимото.

Јапонија има скоро 10.000 смртни случаи, а во Токио има 729 новозаразени, најмногу во последните два месеци.

Не е првпат да се најавува откажување на Игрите, а веќе се појавија и информации дека Јапонија попрво не би ги организирала истите и би барала домаќинство после 2030 година.