Поминаа 34 години од Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Сараево, а доколку денес го посетите тоа место, ќе добиете впечаток како да сте во некој хорор филм зашто комплексот е целосно напуштен.

По 14. ЗОИ во Сараево, покрај олимписките објекти, беа 2.850 новоизградени станови, повеќе хотели и многу друго, а беа отворени и 9.500 работни места. Некои од објектите, како салата во Зетра и стадионот во Кошево, но некои се напуштени.

Сараево организацијата на ЗОИ ја доби во конкуренција со јапонски Сапоро и шведските градови Фалун и Гетеборг.

За власта на Југославија, Олимпијадата во Сараево беше одлична шанса државата да се претставува во најдобро можно светло и во тоа не им пречеше големата економска криза.

Организацијата на 14. ЗОИ чинеше неверојатни 142,6 милиони долари, а половина од приходите беа остварени од продажба на правата за ТВ преноси. Учествуваа 1.272 спортисти од 49 земји, а во ЗОИ имаше 4.500 новинари.