Линдзи Вон само трета, Софија Гоџа ја украде славата во спуст!

Италија слави историско прво злато во женски спуст на Зимските Олимписки игри, а „виновна“ за тоа е Софија Гоџа.

Италијанската скијачка триумфираше во највозбудливата алпска дисциплина со време 1:39.22 и за само девет стотинки ја наттрка Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, која освои бронза и во велеслалом, додека Линдзи Вон остана трета, со 47 стотинки побавно време од победничкото.

„Уште не сум сфатила што постигнав. Мислам дека ќе сфатам кога ќе застанам на подиумот. Многу сум горда. Се чувствувам толку фокусирана на трката, што уште ми е нејасно што направив“, рече Италијанката откако ја мина целта.

Вон, која ги пропушти Игрите во Сочи, очекуваше големи резултати во Пјонгчанг, но не е на своето најдобро, така што делива задоволна и со бронзата.

„Дадов сè од себе денеска, имав одлична трка, но Софија едноставно скијаше подобро од мене. Мислев дека имав добро движење, дека бев добра по целата патека, дури и одлична. Многу се трудев да ја задржам перфектната линија на движење и не се каам за ништо“, вели Американката, која има злато и бронза од Ванкувер, покрај ова трето место.