Американката Сара Фулер испиша историја во американскиот спорт, откако стана првата припадничка на понежниот пол која заигра американски фудбал со мажи.

Иако не станува збор за професионалната НФЛ-лига, Фулер заигра во „Пауер фајф фудбалот“, односно колеџ-верзијата на американски фудбал, откако во второто полувреме таа беше шутер во мечот на Вандербилт и Мисури. Инаку Сара е голман на фубалскиот тим на Вандербелт, па шутна преку 35 јарди, но нејзиниот тим доживеа дебакл со 0-41.

„Искрено бев возбудена, со самиот факт дека имам шанса да ги претставам сите девојки и да им дадам охрабрување за да почнат да играат американски фудбал. Чувството е преубаво, а сакам да им порачам на сите девојки дека ништо не е невозможно, ако верувате во себе“, вели Сара

Таа воопшто не била во план, ама тренерот на тимот немал друга опција освен да ја повика, откако останал без многу играчи поради зараза од коронавирус, па тимот практично немал ниту еден шутер.