Георгиевски го преслуша светскиот вицешампион на стартот на „Гранпри финале“!

Најдобриот македонски таевондист и носител на сребрениот медал од ланските Олимписки игри во Токио, Дејан Георгиевски, со победа го почна настапот на „Финале Гранпри“ турнирот во Саудиска Арабија и тоа во пресметката со актуелниот светски вицешампион, Иван Гарсија Мартинез.

Нашиот „воин“ лесно и убедливо го доби дуелот и тоа во две рунди со 5-2 и 13-0 во секоја од нив, со што демонстрира добра форма и најави добри резултати. Шпанецот е втор на светската ранг-листа, а пред Дејан во следната рунда е уште потежок предизвик и тоа против првиот носител, Мартин Соарес (Бразил).

Ова е турнир кој носи бодови за освојување олимписка норма и тоа речиси на исто ниво како и Светско првенство.