Сенегалски ѕвер од 120 кг ќе сее страв и трепет во ММА (ВИДЕО)

Љубителите на боречките спортови во Франција направија нова ММА промоција која се нарекува „Арес Фајтинг Чемпионшип“, а утре ќе се одржи првиот настап од организацијата.

Борците кои ќе настапат не се толку познати ММА имиња, но еден борец привлече големо внимание. Станува збор за Сенегалецот Умар Кејн, кој е шампион во борење.

Сенегалецот е висок 196 см, а тежок неверојатни 120 кг. Во Сенегал досега нема пораз, а во ММА ќе дебитира на домашен терен во главниот град Дакар.

Кејн во сабота ќе се бори против Софијан Бокичу, а со својот изглед сее страв и трепет кај противниците.