Се појави шокантна приказна: Конор Мекгрегор бил зависник од кокаин?! (ФОТО+ВИДЕО)

Најпознатиот УФЦ-борец, Конор Мекгрегор, повторно измами коментари од јавноста откако објави извинување за своето неодамнешно непримерно однесување. Тоа повлече и шпекулации дека станал заврисник од кокаин.

На својот профил на Фејсбук, Мекгрегор објави подолго извинување, кое се однесува на инцидентот кој го предизвика на борба во Даблин, минатиот петок, на која не ни учествуваше. Тогаш тој влета во кафезот за да прослави со својот колега и пријател Чарли Ворд и, патем, физички ги нападна судиите. Случајот се истражува и можно е да добие суспензија до девет, па и до 12 месеци, што би било погубно за неговите имиџ и кариера, кои и онака се разнишани.

Веројатно, на сугестија на неговиот тим го испрати ова извинување, но наместо да го добие саканиот ефект, предизвика многу негативни коментари, меѓу кои најпопуларниот беше „а да се тргнеш од кокаинот, за промена“. Овој коментар веќе не постои, но доволно луѓе го видоа за да се реанимира теоријата дека Мекгрегор е завесник од кокаин.

И порано се појавуваа видеа и фотографии на кои тој не делува при себе, се забавува со полуголи девојки, а ниедна од нив не е неговата сопруга. За една таква објава тој се правдаше дека бил на забава, каде што му понудиле да пуши марихуана и затоа делува занесено. Меѓутоа има и видео од ноќен клуб во Лас Вегас, наводно снимено тајно од девојка која го придружувала, а тој танцува во транс.

Мекгрегор е двоен УФЦ-шампион и најпопуларниот ММА-борец, особено откако летово се нафати на бокс-меч со легендарниот Флојд Мејведер и загуби, меѓутоа заработи десетици милиони долари.