Хабиб откри кој ќе биде неговиот наследник и иден шампион во УФЦ

Откако ја доби и 28-та борба со победа, рускиот ултимејтфајтер Хабиб Нурмагомедов откри и кој ќе го наследи, откако ќе замине во пензија, за која најави дека нема да биде така далечна, зашто 31-годишниот Дагестанец немал намера да се бори до 40 години.

За време на прес-конференцијата за настанот „УФЦ 242“, пред новинарите излезе Ислам Макхачев, кој во предборбата го победил Дејв Рамос, а Хабиб за него рече – еве го идниот шампион.

Макхачев е тимски колега на Нурмагомедов, а сооглед дека се борат во иста категорија, помладиот Ислам ќе почека за шампионскиот појаз, зашто нема намера да го предизвика Хабиб. Но, актуелниот првак веќе го објави како негов наследник и иден првак.

„Идниот шампион...“, кратко рекол Хабиб на прес-конференцијата.

Инаку Махачев има само еден пораз и тоа од 2015 година од Адриано Мартинс. Негпвиот досегашен скор е 18-1.