После одличната година за македонското карате, а и како најава за уште подобри настапи и олимпиец за претстојните ЛОИ во Токио, денеска во СЦ Борис Трајковски завесата за оваа 2019 година се спушти со „Трофеј на Македонија“ на кој учестуваше 101 натпреварувач.

Најголемата македонска карате надеж Емил Павлов освои бронза во својата категорија 60 килограми, а овој турнир беше само уште една подготовка за македонските каратисти, како најава за сето тоа што ги очекува во новата 2020 година. Златно одличје за Македонија донесоа Ангела Мојсовска во категоријата до 68 килограми во женска конкуренција и Пулексенија Јованоска во кати.

Од македонските каратисти покрај Павлов настапија и Жарко Арсовски, Пуликсенија Јовановска, Фери Исиќ, Јована Георгиева... Двајцата селектори Сашко Арсовски (борби) и Стојан Андриевски (кати) можеа уште еднаш да го проверат сиот потенцијал на македонските каратисти.

Сребрени беа Глигор Петков (-84кг) и Ненад Келебиќ (-67кг.), Абдурахим Идризи (-60кг) и Сара Радичевска (-50кг.) Со бронза се закиттија и Јована Георгирва (-55кг.), Моника Стефановска (-68кг.), Роберто Ацковски (-67кг.), Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг) и Жарко Арсовски (+84кг.).

На денешниот „Трофеј на Македонија“ имаше извонредни боби, фантастични потези, атрактивно удари...