Тргнаа да се борат за Македонија, а се сликаа со знаме на Албанија! (ФОТО)

Веќе стана традиција за време на голем настан во „малите спортови“, македонските репрезентативци од албанска националност да нè изненадат со скандалозен потег, па ако лани атлетичарката Дрита Ислами беше таа што нè шокираше, овојпат тоа се борачите – селекторот Љуљзим Вранези и репрезентативецот Елмедин Сејфулау.

Овој двоец беше дел од Европското првенство во борење во Букурешт (Романија), каде Македонија освои бронза преку натурализираниот Владимир Егоров во категоријата до 57 килограми. Но, покрај учеството, медалот и добриот настап на сејфулау (петто место), во Романија настапот на дел од македонската селекција донесе и скандал.

Македонската боречка легенда Зоран Шоров објави фотографија на која селекторот Вранези и репрезентативецот Сефулаху гордо се сликаат со албанското знаме. Иако се дојдени да ја промовираат и презентираат Македонија, таква слика со македонско знаме нема. Арно ама, има со знаме на западниот сосед Албанија, сликани заедно со уште двајца борачи од соседната земја.

Полека станува традиција некој од албанските спортисти во македонската селекција да нè „изненадат“ со ваков или сличен потег. Лани, атлетичарката Дрита Ислами, од Берлин ни испрати разгледница како „лета орли“. Иако замина да ја претставува Македонија, па повеќе беше туристички отколку што имаше некаков забележителен настап, не пропушти шанса да го промовира најиредентистичкиот албански симбол.

И нормално после фотографијата која ја објави Шоров на која напиша „македонската репрезентација во Букурешт“, сериозна дебата се отвори на неговиот профил, на кој легендарниот борач посочи дека со објавената слика немал намера некого да провоцира туку...

„Само сакам да кажам дека ова е дел од македонската селекција, која треба да си ја почитува земјата од каде доаѓа“, објаснува Шоров, додавајќи: „Нема ништо националистички. Јас имам посебна почит кон Албанците во Македонија, ние сите треба да си ја сакаме државата од која припаѓаме“.

Сега останува да се види како ќе реагира боречката федерација, но и Агенцијата за млади и спорт, која еднаш го премолче инцидентот со боксерите на „Златен гонг“, кога македонски репрезентативец и Косовец, после борбата заеднички со по една рака гестикулираа „летање на орел“.

На Ислами според етичкиот кодекс на АФМ и се закануваше 12-месечна суспензија, но тогаш од атлетската федерација објавија дека ќе сочекаат објаснување од Ислами за „инцидентот“, пред да донесат некаква одлука.