
Брука: Борачите ќе треба да си платат од свој џеб за да се борат за виза за ЛОИ 2024!
Ако во минатото со слична мака се соочуваа каратистите и пливачите, последни на удар се најдоа борачите, кои ќе мора да си платат од сопствен џеб ако сакаат да учествуваат на квалификациите во Баку (5-7 април) за ЛОИ 2024, кои годинава ќе се одржат во Париз.
„Никој не ни обезбеди пари - ниту Федерацијата, ниту МОК, ниту Агенцијата за млади и спорт. Јас сум разочаран од институциите во време кога се бориме за олимписка норма“, изјави за порталот „Ипон“ селекторот на боречката репрезентација, Бобан Данов.
Главна причина за ваквите егзистенцијални проблеми на борачите, од кои би можеле да очекуваме дури и борба за медал на олимпискиот турнир, е доцнењето на државната помош предвидена со Законот за спорт. Промените во законот беа донесени кон крајот на февруари, но оттогаш се прекршени сите предвидени рокови во предвидените членови за инјектирање 10 милиони евра директно од буџетската на сметките на федерациите, клубовите и на индивидуалните спортисти.
Повеќе детали за настапот на македонските борачи во Баку прочитајте ТУКА.