Цел боречки клуб со 40 члена под урнатини во Кахранмараш

Разорниот земјотрес кој ја погоди југоисточна Турција со епицентар во Газиантеп, срамни илјадници здради и куќи во регионот, а според последните информации околу 2.000 жртви има од катастрофата со магнитуда од 7,5 степени по Рихтер, најсилен земјотрес во последните 84 години во Турција.

И ужасни вести од овој регион доаѓаат секој час, па откако беше објавено дека цел одбојкарски тим е под урнатини во хотелот во кој биле сместени, откако се срушил, нова катастрофална вест доаѓа од Кајранмараш – цел боречки клуб е заглавен под урнатините во овој град.

Таха Акгул, двоен освојувач на олимписки медали за Турција објави дека 30-40 борачи на клубот се заглавени под урнатини, откако зградата во која биле сместени комплетно се срушила. Нема информации дали има настрадани, повредени... Акгул беше златен на ЛОИ 2016 во Рио Де Жанеиро, а бронзен на ЛОИ 2020 во Токио.

„Зградата во која се 30-40 борачи на клубот во Кахранмараш е тотално урната и нашите спортисти се под рушевините. Само чекаме помош и сега само Бог нека ни е напомош“, објавил Акгул.