Кумановски боксери се (с)тепале поради политика – едниот е олимписки вицепрвак!

Колку е политиката е важен дел од животот во Македонија најдобар доказ е денешниот извештај од билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР) каде што се потенцираат добиени пријави од лицата Р.Р. и на С.С за физички напади од едниот односно од другиот.

Ова и не би била вест вредна за објави, ако еден од актерите во овој инцидент не е е Реџеп Реџеповски, освојувач на сребрен олимписки медал од Игрите во Лос Анџелес во 1984 година. Дури и неговиот противник во „рингот“, Самет Салиевски, исто така е боксер со респектабилна кариера, кој долго време работи и како тренер.

„На 23.10.2021 година во 14.15 часот во СВР Куманово Р.Р. пријавил дека во населбата Средорек бил физички нападнат од С.С. и неговиот татко. Истиот ден во 14.17 часот С.С. пријавил дека бил физички нападнат од Р.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.

Причина за нивната, наводна пресметка, според пишувањата на кумановските медиуми, се политичките недоразбирања со оглед што двајцата биле идни советници на листи на две различни политички опции.