Бивш европски и светски првак: Ми кажаа дека умирам, треба да организирам погреб

Тажни вести доаѓаат од Германија, каде што поранешниот европски и светски шампион во скок со стап, Тим Лобингер призна дека умира.

Лобингер има 50 години и беше еден од најдобрите спортисти, а негови најголеми успеси се европска круна во 1998 година, светски првак во 2003 година и бронзен медал во 2006 година.

Меѓутоа, во последните пет години животот му се промени затоа што му беше откриен агресивен вид на леукемија.

„За мене нема спас, мојот рак е премногу агресивен. Во февруари ми кажаа дека смртта е блиску. Треба да се договориме, да организирам погреб. Да се збогувам со моите најмили, навистина ми е тешко“, вели поранешниот спортист.