МЗТ во БиХ по заверка на пласманот во полуфиналето
Аеродромци на домашен терен одиграа натпревар според желбите и очекувањата, па во БиХ треба само да ги сочуваат залихите и да се изборат за пресметка со Спартак. Тренерот Васко Атанасов одлично ја темпирал формата за овој дел од сезоната бидејќи МЗТ Скопје и на домашна и на меѓународна сцена во моментов изгледа одлично.
Како и на мечот во Скопје, во тимот ќе го нема Бојан Крстевски поради фрактура на прстот на раката, но останатите кошаркари се подготвени да го дадат максимумот. Второто полувреме од мечот против Широки треба да биде основа на која ќе се бара повторно добар резултат, па дури и победа.
Натпреварот во Широки Брег се игра од 19 часот. Освен Спартак, пласман во полуфиналето вчера избори и Подгорица која беше подобра од Златибор.