„Јокиќ да дојде максимално подготвен и мотивиран, а не да нѐ чести со своето присуство“

Поранешниот тренер на Партизан, Душко Вујошевиќ се осврна на српската кошаркарска репрезентација во пресрет на Олимписките игри во Париз.

Една од главните теми повторно е играњето на Никола Јокиќ кој на два месеца пред почетокот на манифестацијата, уште не го потврдил своето учество.

„Секој од играчите, а тука пред се мислам нна Јокиќ, треба да дојде максимално подготвен, мотивиран и во функција на тимот, а не да не чести со своето присуство. Само под такви услови би имале шанси за успех“, смета Вујошевиќ.

Минатата година, без Јокиќ и уште неколку важни играчи, Србија го освои сребрениот медал на Светското првенство. Сега е најавено играњето на Василије Мициќ, но од друга страна ривалите ќе бидат во далеку посилен состав отколку на Мундијалот, пред се домаќинот Франција и САД. Со Јокиќ во тимот, Србија уште нема успех, односно трофеј од големите натпреварувања