По два гола на Мбапе и Дембеле за убедлива победа на ПСЖ! (ВИДЕО)

ПСЖ дојде чекор поблиску до шампионската титула во Франција откако со 4-1 славеше на гостувањето кај Лориен.

По два гола постигнаа главните ѕвезди на ПСЖ, Дембеле и Мбапе.

Дембепе во 19. минута го отвори мечот, а три минути подоцна Мбапе погоди за 2-0. Тоа беше резултатот од првиот дел.

Слично беше и во второто полувреме, прво Дембеле даде гол во 60. минута, па Мбапе го постигна следниот, овојпат во 90. минута.