Баерн како Барса - можеби ќе го задржи тренерот

Првпат откако беше објавено дека Томас Тухел ќе го напушти Баерн на крајот од сезоната, раководството на германскиот гигант сериозно размислува да го задржи искусниот стручњак на клупата.

Наводно, директорите Макс Еберлс и Кристоф Фројнд не гледаат проблем тој да продолжи да ја извршува функцијата, а поддршка има и од дел од фудбалерите, на чело со Мануел Нојер. Медиумите во Германија денеска објавија дека во конкуренција за тренерската позиција во Баерн е и шпанскиот стручњак Жулен Лопетеги, но до моментов, поголеми се шансите Тухел да остане, отколку да дојде некогашниот селектор на Шпанија.

Ако Тухел остане, ќе се повтори ситуацијата во Барселона каде Чави во јануари објави дека си заминува на крајот од сезоната, а потоа ја повлече својата оставка и одлучи да продолжи.