Падна договор, Чави останува тренер на Барселона и во следната сезона!

Претседателот на Барселона, Хуан Лапорта успеа да го убеди Чави Ернандез да ја промени одлуката и да остане тренер на тимот и во наредната сезона.

Чави ќе го испочитува договорот со Барселона до крај, ќе остане во клубот најмалку до јуни 2025 година.

Одлуката е донесена на состанок меѓу Чави и претседателот Лапорта и спортскиот директор Деко.

Лапорта со месеци се обидуваше да го предомисли Чави кој на почетокот беше многу одлучен да си замине, но на крајот сепак ја промени одлуката.