Гвардиола остана без најдобриот стрелец за дербито против Челси?

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола откри дека Ерлинг Халанд се здобил со повреда и најверојатно ќе го пропушти дербито против Челси во полуфиналето на ФА-купот.

Норвешкиот голгетер почувствувал болка и поради тоа бил заменет во мечот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ), а засега не е познато кога ќе се врати на теренот.

„Ерлинг почувствува болка, најверојатно проблем со некој мускул. Поради тоа беше заменет“, кажа Гвардиола.

Дуелот меѓу Манчестер сити и Челси се игра в сабота од 18.15 часот.