Австрија бара голема отштета за Рангник, а навивачите не го сакаат во Баерн!
Германски „Билд“ објави дека Рангник се договорил со баварскиот гигант, меѓутоа сега се чека договор меѓу Баерн и Фудбалскиот сојуз на Австрија, кој бара голема оштета за потписот на тренерот.
Австрија бара дури 15 милиони евра отштета за Рангник доколку Баерн сака да го ангажира, а дополнителен проблем е тоа што навивачите на бундеслигашот не сакаат тој да го тренира нивниот клуб.
Рангник во минатото ги тренираше Шалке, Лајпциг, Хофенхајм, Хановер, но и други германски екипи.