Сензација во најава: Нуњез по курцшлусот со Ливерпул веќе го преселија во Барса!

Најавата дека челниците на Барселона во следниот период ќе сторат се за да ја прекинат соработката со Роберт Левандовски, со желба да дојдат до уште поубоит напаѓач, може да придонесе за сензационален трансфер летово и тоа на релација Англија-Шпанија.

Британскиот весник „Сан“ објави дека клубот од Каталонија веќе има „пикирано“ кандидат како замена на „деветката“ на каталонците, а тоа би бил Дарвин Нуњез, кој не е во добри односи со Ливерпул. Тој неодамна ги избришал сите објави на социјалните мрежи поврзани со црвените, што е сфатено како знак на големо незадоволство.

Нуњез би можел лесно да го убеди Ливерпул да го продаде, особено што се знае дека уште од сега не е во идните планови на новиот тренер, Арне Слот. Дарвин не се снајде најдобро на последните два натпревари во Премиер лигата, на кои влезе од клупата за резерви.