Ова е најсовршено изведениот пенал – вака прецизно ретко кој досега шутнал (ВИДЕО)

Ударите од белата точка би требало да бидат најлесен начин за постигнување голови, но неретко тоа не се потврдува во пракса со оглед на многу одбранети и промашени шутеви во ситуација која фудбалерот и голманот се очи во очи.

Фудбалерот на шпански Еибар, Агер Акетче, во неодамнешната победа на неговиот тим во дуелот со Аморебиета (5-0), покажа дека пеналите воопшто не се баук и дека само треба да се биде концентриран и прецизен. А, тој на овој меч беше снајперски прецизен, тргнувајќи ја дури и пајажината од местото каде што се спојуваат гредата и пречката.

Видеото со неговото изведување веднаш стана вирално како пример како треба да се шутира казнане удар. Воопшто нема да зачудува ако тоа стане дел од материјата што ќе се изучува во фудбалските академии, но и дел од скаутингот и начинот на подобрување на сопствениот кадар во многу светски фудбалски екипи. Навистина совршено.