Аталанта ја помина Фиорентина и ќе игра финале против Јувентус! (ВИДЕО)

Аталанта со 4-1 ја совлада Фиорентина и ја доби полуфиналната пресметка со вкупни 4-2, во финалето од Купот на Италија ќе играат против Јувентус.

Фиорентина во Бергамо допатува со предност од 1-0, но не успеа да ја задржи.

Аталанта одлично го почна мечот, поведе уште во осмата минута со гол на Копмајнерс. 1-0 беше резултатот од првото полувреме.

По осум минути игра во вториот дел се случи клучниот момент на мечот, Миленковиќ доби црвен картон. Фиорентина остана со фудбалер помалку.

Но и покрај тоа, виолетовите преку Мартинез Кварта дадоа гол во 68. минута за израмнување на 1-1.

Седум инути подоцна Скамака ја врати предноста на Аталанта од 2-1, а во судиското продолжение голови дадоа и Лукман и Пашалиќ за конечни 4-1.