„Време е ние Бугарите да го преземеме Тетекс и да го спасиме од пропаст!“

Екипата на Тетекс денеска претрпе уште еден катастрофален пораз во второлигашката конкуренција, откако на домашен терен беше поразена од новиот прволигаш Беса и тоа во „лото-стил“ со седум гола во мрежата.

Ова е само кој знае која потврда за ужасната состојба во еден од најмакедонските, кој бил гордост на навивачите, но и на целата домашна јавност повеќе од седум децении натпреварување се во Западна Македонија. Ваквата криза на тетовци донесе гнасна провокација од Бугарија, односно од веќе злогласната „Фондација Македонија“, која редовно користи актуелни ситуации за провокација кон се што е македонско.

„Македонскиот Тетекс денеска претрпе катастрофа во дуел со албанската Беса. Испаѓањето е се поизвесно на тимот кој одамна нема пари. Сега е време ние Бугарите да го преземеме Тетекс и да го направиме носител на бугарската култура во Македонија“, напишаа од Фондацијата.

Ова не е првпат бугарските провокатори да дојдоа до контрола на македонски тим од понизок ранг, но досега сите обиди им останаа неуспешни, како што се сите сигурно ќе ќе биде овој, за кој во јавноста е веќе јасно дека станува збор за – евтин популизам.