Арсенал убедлив против Борнмут, важни три бода за топчиите (ВИДЕО)

Арсенал кој нема право на кикс во битката за шампионската титула, со 3-0 го совлада Борнмут и го префрли притисокот врз Манчестер Сити.

Топчиите поведоа во финишот од првото полувреме со гол од пенал на Сака. Фаулот беше направен врз Хаверц.

Во 70. минута Тросар зголеми на 2-0 по асистенција од Деклан Рајс.

Длабоко во судиското продолжение гол даде и самиот Рајс со што беа поставени конечните 3-0.