И Арсенал го измајмуни Александер-Арнолд и постигна гол! (ВИДЕО)

Арсенал поведе во дербито со Ливерпул уште во првата минута на „Емирати“, а стрелец на голот беше Габриел Мартинели. Меѓутоа, овде не е толку важен тој што го постигна, туку одбранениот играч, кој прелесно дозволи нападот на „топчиите“ да си поигра со него - Трент Александер-Арнолд. Ова е нов негов дефанзивен пропуст, откако имаше киксови и во некои претходни дуели во Премиерлигата, како и во ЛШ, против Наполи.