Гол на годината во Словенија – атракција со ножички за паметење (ВИДЕО)

Босанецот Гедеон Гузина, фудбалерот на словенечки Радомље постигна неверојатно атрактивен гол во првенството на Словенија против Целје, погодувајќи со ножички од 12-на метри.

Поранешниот фудбалер на Сараево, Борац Бања Лука и низа други босански клубови прими еден центаршут на гради од преку 30 метри и без размислување како голем фудбалски мајстор со ножички погоди неодбранливо во мрежата на противникот.