Вардар е деветти најголем бренд во ракометниот свет!
Црвено-црните кои сензационално станаа европски шампиони во Келн во јуни годинава, се најдоа во „топ десет“ брендови, а први на листата се двете жртви на вардарци на патот кон европскиот трон – Барселона и Пари Сен Жермен.
На листата од топ 10 се и Рајн Некар Левен, каде што член е Филип Талески, полски Кјелце, германски Кил, унгарски Веспрем, потоа Фленсбург (Германија) и француски Монпелје, а зад црвено-црните е Фуксе Берлин.
Анализата е направена врз база на следбениците на клубовите што ги имаат на социјалните мрежи од Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Ју Тјуб и други.
Вториот македонски ракометен клуб Металург, поранешен шампион и освојувач на купот на земјава, како и четвртфиналист во ЛШ е на 11-то место на оваа листа.