Мексиканците ептен навлечени на црвено-црно: По машки тим направија и ЖРК Вардар (ФОТО+ВИДЕО)

Двете европски круни на македонската гордост Вардар го направи црвено-црниот колектив не само европски, туку и глобален бренд, па ентузијасти и навивачи од Мексико си создадоа мексикански Вардар под името – Вардар МХ (Вардар Мексико). И сега оваа интересна приказна има и втор дел зашто се создаде и женска секција – ЖРК Вардар!

Хосе Мата, Алексиа Флорес и Хиларио Медрано се мексиканските навивачи на Вардар кои толку биле инспирирани од црвено-црната магија, што решиле да го формираат Вардат МХ, кој сега прераснува во вистинска ракометна вардарова Академија преку Атлантикот, откако е направен и ЖРК Вардар од Гвадалупе, Нуево Леон, како дел од таа вардарова мексиканска Академија.

Женската екипа викендов успеа да освои еден турнир, третиот по ред „Сол де Тампико“, но најинтересно е што идејата од формирање на машки клуб донесе до формирање на вистинска Академија на Вардар во која ентузијастите од обичен аматерски клуб на стартот стигнаа да тренираат момчиња и девојчиња во црвено-црниот дрес.

Кој знае, можеби од оваа Академија ќе се изроди некој талент, кого патот во иднина и ќе го донесе во вистинскиот Вардар.

Вака почна мексиканската вардарова приказна со аматерскиот клуб Вардар МХ...

... па се прошири и со женската секција на ЖРК Вардар...

..., а Академијата на Вардар МХ сега е исклучително бројна со момчиња и девојчиња кои уживаат играјќи ракомет во црвено-црно.