Во Струмица нема Северна - на дресовите на ракометарите само Македонија! (ФОТО)
Грците веќе со децении беа најгласни против употребата на името Македонија, се бунтуваа во минатото и за кодот МКД, кој го бришеа, па на крајот лани со преспанскиот договор се смени уставното име на нашата земја. Арно ама, денеска на теренот во салата „Парк“, ракометарите си истрчаа само со Македонија на својата опрема.
Лазаров и другарите бркаат триумф за да се одмаздат за срамот од Кожани во минатата година на стартот на овие евроквалификации за пласман на ЕП 2020.