Талески: Доста плука(в)те по нас!

Македонската ракометна репрезентација славеше со 34-33 во Рекјавик против Исланд, во драматичен финиш со погодокот на Дејан Манасков.

Филип Талески имаше одличен меч, па во финишот од мечот постигна неколку важни погодоци со кој ја држеше Македонија во игра во Рејкјавик. По мечот го отвори срцето и кажа дека е револтиран поради тоа што навивачите „плукаат“ по нив, но и дека тоа му дава мотивација да биде уште подобар.

„Мора да бидеме задоволни од натпреварот и победата. Примивме многу голови, но исто така постигнавме многу. Првите 15 минути ни беше послаба одбраната, но во второто полувреме ја сменивме формацијата и ја игравме трпеливо, па заслужено победивме. Јас секогаш сакам да бидам еден од носителите на репрезентацијата, со помош на нашиот капитен. Но, револтиран сум поради македонската јавност, која плука по нас. Мене тоа ми дава мотивација, а јас знам дека можам и морам да играм подобро во иднина“, вели Талески.