Шпанците сакаа да завршат со атракција, но на крај загубија од Норвешка
Норвешка и Шпанија понудија возбудлив ракомет од самиот старт на мечот, а на средината резултатот беше израмнет (10-10). Потоа Шпанците направија исчекор и поведоа со 12-10, но Норвежаните возвратија и стигнаа до 15-13. Сепак, на паузата се замина со нерешен резултат (16-16).
Шпанија го имаше водството во првиот дел од второто полувреме (28-26), но Норвешка влезе во ритам и постојано до завршницата водеше со по еден погодок.
Во последните 11 секунди се случуваше вистинска драма, откако Норвешка остана со двајца ракометари помалку на теренот, а Шпанија се обиде со атракција да го заврши мечот и да освои бод, но на крајот се посрамоти и го загуби дуелот.
Фото: EPA