Савевски го објави поширокиот список за ЕХФ Евро купот

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски денеска го објави поширокиот список за претстојниот двомеч со Црна Гора во рамки на ЕХФ Евро купот.

Повик добија 35 ракометарки меѓу кои и најстандардните Јована Саздовска, Сара Ристовска, Елена Ѓоргиевска и други. Првиот натпревар нашите ракометарки го играат на 7.откомври во Скопје, додека три дена подоцна гостуваат кај Црна Гора.

На ЕХФ Евро купот ќе настапат Македонија, Црна Гора и Словенија, кои се организатори на Европското првенство 2022 и нема да играат квалификации. Ќе учествува и репрезентацијата на Норвешка, која е актуелен освојувач на европскиот трон од претходниот турнир одигран лани.