По едно полувреме, Брестовац може да планира на деби-победа со Македонија!

По 30 минути во Рејкјавик, македонската ракометна репрезентација има активно реми 17-17 против Исланд. 

Нашиот национален тим имаше бавно будење, првиот гол го постигна дури во шестата минута, а потоа и негатива од највисоки четири гола (3-7, 7-11), меѓутоа се врати во игра со одлични 10 минути до крајот. Беше 12-9 за домаќинот кога влеговме во нив, а Македонија почна со серија од 4-0, за да постигне 8 до сирената за пауза.

Нашата одбрана тешко се справуваше со Арон Палмарсон, кој постигна пет гола во првиот дел, но затоа Македонија го има Гоце Георгиевски, кој поентираше дури шест пати.

Интересно е тоа што, овие 17-17 се многу слични на нашето последно гостување во Исланд. На паузата тогаш беше 16-16, за жал на крај домаќините победија со 30-29.