Новата година ќе почне со ракометен спектакл: „30 години машка репрезентација“ и испраќање на Лазаров и Стоилов

На почетокот од наредната година, на трети јануари, РФМ ќе организира ревијален натпревар по повод 30 години машка репрезентација и испраќање во пензија на легендарните Кире Лазаров и Стојанче Стоилов.

Натпреварот ќе се одигра за време на подготовките на нашата ракометна репрезентација за Светското првенство. Тоа треба да биде ревијален дуел меѓу актуелниот состав на ракометари и тим составен од поранешни македонски репрезентативци.
 
На натпреварот ќе се слави јубилејот 30 години машка репрезентација, а свечено од репрезентативниот дрес ќе се збогуваат Кире Лазаров и Стојанче Стоилов.
 
Мечот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ и треба да биде вистински ракометен празник. Збогум за оние кои си одат и поддршка за тие што ќе играат на престојното Светско првенство.