
Лазаров избра – со никогаш помлад тим ќе бркаме изненадување против Португалија (ФОТО)
Во составот со кој ќе се обидеме да направиме изненадување очекувано ќе се најде Мартин Велковски, како и повратниците Марко Мишевски и Марко Митев. Оние кои отпаднаа од комбинација и не добија место во 16-те се Кизиќ, Ќосевски, Младеновиќ и Аларов.
За овој двомеч, предводникот на националниот тим ќе го има можеби најмладиот тим во историјата со само неколку искусни ракометари. Главна причина за ова е фактот што Манасков и Гергиевски не добија повик, Талески од приватни причини нема да настапи, додека поради повреди отпаднаа и пелистерците Пешевски, Танкоски и Павле Атанасијевиќ.
Македонија и Португалија досега се имаат сретнато двапати во последната деценија и тоа во квалификациите за ЕП во 2014, кога двете селекции ги одбранија домашните терени и извојуваа убедливи победи. Обете репрезентации квалификациите ги почнаа со две победи, против Луксембург и Турција со што се речиси пласирани на следниот континентален собир.