Лазаров го објави списокот со многу нови имиња за дуелите со Финска и Швајцарија

Селекторот на македонските ракометари, Кире Лазаров го објави поширокиот список со ракометари за натпреварите од квалификациите за Европското првенство (ЕП) против Финска и Швајцарија.

На списокот на Лазаров се наоѓаат вкупно 35 ракометари, од кои 16 ќе треба да бидат избрани во скратениот список, кој ќе биде објавен во следните денови.

Нови ракометари во репрезентацијата се Васил Гогов, Марко Стојковиќ, Давид Саврески, Дарко Кондев, Павле Атанасијевиќ, Марко Митев, Емилијан Ѓорговски.

Ракометарите најпрво ќе се соочат против Финска на гостински терен на 28 април, додека на 2 мај ќе се пресметаат со Швајцарија во СЦ „Јане Сандански“.