Вилијам Акамбре го засили Брест Мешков

Поранешниот француски репрезентативец Вилјам Акамбре во следната сезона ќе го носи дресот на Брест Мешков. 

Левиот бек минатата сезона го носеше дресот на Целје и тоа како позајмен ракометар од Веспрем. Претходно три сезони играше за ПСЖ, а кариерата ја започна во Монпелје.

Акамбре беше дел од француската репрезентација која освои злато на Европското првенство во Данска 2014, потоа олимписко злато од Игрите во Лондон 2012 година и три злата од Светските првенства во 2011, 2015 и 2017 година.