Веспрем се „загреа“ за дуелот против Вардар

Унгарскиот ракометен шампион, екипата на Веспрем славеше со 30-35 на гостувањето против Ференцварош, во последниот натпревар во пресрет на неделното гостување во Скопје против тимот на Вардар.

Противникот играше добро во поголемиот дел од натпреварот, сепак на крај искуството пресуди кога играчите на Веспрем го свртеа резултатот во своја корист и дојдоа до триумф.

Унгарскиот гигант моментно е второпласиран во групата Б од Лигата на шампионите со 12 освоени бода, три повеќе од Вардар, кој се наоѓа на шестата позиција.