Пред шест месеци играше против Македонија, денеска пронајден мртов во урнатините!
Тој бил пронајден под урнатините заедно со својот син Џанер, додека неговата бремена сопруга Пелин сѐ уште се води како исчезната. Неговото тело било најдено седум дена по потресот, што шансите за добри вести барем за неговата сопруга се многу мали.
Кутахја настапуваше за екипата на Хатајспор, а беше во составот на турскиот национален тим во мечот против Македонија во квалификциите за ЕП 2024, кој жолто-црвените го добија со 36-27.