Ќе има што да ги научи: Големиот Штербик ја почна тренерската кариера (ВИДЕО)

Еден од најдобрите светски голмани на сите времиња и некогашен чувар на мрежата на Вардар, Арпад Штербик, деновиве и официјално ја почна тренерската кариера и тоа во клубот од каде што замина во пензија – Веспрем.

 

 

Тој во следниот период ќе работи со тројцата голмани на овој тим, Цупара, Кораљес и Секељи и тоа по огромната пауза уште од месец март, кога беше прекината сезоната поради пандемијата со коронавирусот.