Инцидент во Србија: Две репрезентативки се степаа во меѓусебен натпревар (ВИДЕО)
Станува збор за Сара Гаровиќ и Јелена Агбаба, кои до минатата сезона заедно настапуваа за Црвена звезда, но сега се најдоа на спротивните страни. Инцидентот се случи во 36. минута, по еден остар прекршок на Агбаба, која прва ја удри противничката, по што следеше возвратен удар од ракометарката на Звезда.
Судиите Марко Секулиќ и Владимир Јовандиќ веднаш реагираа и на двете ракометарки им покажаа сини картони. Тоа значи дека случајот ќе биде доставен до дисциплинските органи, кои ќе треба да одлучат за евентуалните дополнителни санкции.