Денеска се игра вистински спектакл во СЦ „Јане Сандански“ помеѓу Вардар и Барселона од 17 часот, а навивачите почнаа да се собираат пред салата.

Вардар и Барселона имаат по пет победи и еден пораз во досегашните шест кола во Лигата на шампиони, па поради тоа нè очекува навистина возбудлив дуел, а црвено-црните ќе имаат голема поддршка бидејќи колку што може да се забележи, навивачите почнаа да ја „загреваат“ атмосферата на еден час пред натпреварот.