Вардар ќе игра во групна фаза од ЛШ, Металург и Еурофарм се борат за вајлд-карта

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави екипите кои имаат директно место во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ) за сезоната 2019/20.

Актуелниот европски шампион Вардар ќе настапува директно во групната фаза, а на 27 јуни ќе бидат познати неговите ривали.

Ситемот на натпреварување во ЛШ останува ист, односно две групи со по осум екипи плус две групи со по шест тима.

Од Македонија за вајлд-карта за настап во ЛШ се пријавија уште и Еурофарм Работник и Металург, а дополнително место во елитното натпреварување бараат уште ГОГ, Бидасоа, Монпелје, Нант, Шамбери, Кил, Магдебург, Пик Сегед, Еш, ОИР Арендал, Висла Плок.

Додека директно место во групната фаза добија Мешков Брест, Загреб, Алборг, Барселона, Кокс, ПСЖ, Фленсбург, Веспрем, Селфос, Елверум, Кјелце, Порто, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Целје, Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Савехоф, Бешикташ, Мотор Запорожје.